Сообраќајна несреќа денеска предизвика голем сообраќаен метеж во скопската населба Автокоманда, откако возило удрило во семафор на една од крстосниците во овој дел од градот.
Од силниот удар семафорот паднал на коловозот, поради што сообраќајот се одвива отежнато и се создадени долги колони возила.
Очевидци велат дека дел од возачите чекаат и по повеќе од два часа за да поминат низ крстосницата.