Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Пожар во струмичко кај селата Вељуса и Ангелци

Денеска во 15.35 часот во атарот помеѓу селата Вељуса и Ангелци избувна пожар кој поради силниот ветер се ширеше доста брзо, споделија од „Пожарникари - Струмица“ во објава на Фејсбук.


Како што посочија во објавата, во пожарот била зафатена поголема површина од сува трева и трски.


ТППЕ Струмица интервенирале со две противпожарни (ПП) возила и шест пожарникари-спасители.


Пожарот бил целосно изгаснат, со што било спречено негово ширење и предизвикување поголема материјална штета.

Последни теми