Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

ПАНИКА НА БЕНЗИНСКИТЕ: Колони возила поради страв од ново поскапување на горивото

Голем број возачи денеска се упатија кон бензинските пумпи во земјава, откако се појавија информации за можни нови поскапувања на горивата и ограничено точење на дизел на дел од пумпите. На социјалните мрежи се споделуваат фотографии и видеа од долги колони автомобили кои чекаат да наполнат резервоар.


Во изминатите денови, дел од граѓаните пријавиле дека на некои бензински пумпи дизел гориво не се точело или пак се точело во ограничени количини, што дополнително ја зголеми загриженоста кај возачите.


Според информации од институциите, инспекторите се веќе на терен и вршат контроли на бензинските пумпи поради поплаки од граѓаните. Властите уверуваат дека во државата има доволни резерви на гориво и дека нема причина за создавање паника.


Во меѓувреме, цените на горивата во земјава се веќе под притисок поради глобалните случувања на енергетските пазари. Регулаторната комисија за енергетика неодамна донесе одлука бензинот Еуросупер-95 да се продава по околу 74,5 денари за литар, додека дизелот е околу 71 денар за литар.


Дополнителен притисок врз цените доаѓа и од меѓународните случувања, бидејќи глобалните цени на нафтата растат поради тензиите на Блискиот Исток и нарушувањата на енергетските пазари.


И покрај загриженоста кај дел од граѓаните, надлежните повторуваат дека снабдувањето со гориво е стабилно и апелираат да не се создава непотребна паника.

Последни теми