Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Осомничениот убиец од Старо Нагоричане ќе оди на психијатриска процена

Дваесет и петгодишникот од Старо Нагоричане, кој е осомничен за убиството на 78-годишна жена од Челопек и за кого постои сомнение дека извршил и други убиства, е обезбеден и во следните денови врз него ќе биде извршена психијатриска процена од страна на тим на експерти, соопштија денеска од Јавното обвинителство.


- Основното јавно обвинителство Куманово и сите надлежни институции и органи преземаат голем број дејствија за обезбедување докази за целосно расчистување на настанот. Осомничениот е обезбеден и во следните денови ќе следи негова психијатриска проценка од тим експерти. До овој момент вештиот наод од извршената обдукција на ексхумираното тело не е доставен до јавниот обвинител. Во текот на оваа сложена постапка се вршат распити на лица, а ќе бидат обезбедени и сите други потребни докази за целосно расчистување на случајот, но во оваа фаза од постапката, во интерес на истрагата, не може да се споделуваат повеќе детали — соопштија од ЈОРСМ.


Полицијата од Куманово претходно информираше дека на 12 февруари осомничениот влегол во домот на 78-годишна жена во селото Драгоманце, општина Старо Нагоричане, физички ја нападнал и ја задушил со перница.

Последни теми