Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Осмомартовски марш во Скопје против насилството врз жените

Стотици граѓани денеска излегоа на улиците во Скопје на традиционалниот осмомартовски марш, испраќајќи пораки против насилството врз жените и барајќи поголема заштита од институциите.


Маршот започна од паркот „Жена борец“, од каде учесниците се упатија кон Градскиот парк. На протестот се носеа транспаренти со пораки како „Нема слобода без слободни жени“, „Правда за жртвите“ и „Нема да нè снема“.


Организаторите и присутните истакнаа дека насилството врз жените и фемицидот остануваат сериозен проблем во општеството и повикаа на поефикасна реакција од институциите и поголема поддршка за жртвите.


Протестот беше дел од одбележувањето на Меѓународниот ден на жената – 8 Март, а учесниците порачаа дека борбата за еднаквост и безбедност на жените мора да продолжи.

Последни теми