Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Македонија меѓу првите во Европа по убиства на жени

Бројот на убиства на жени во Македонија е загрижувачки висок, а земјата се наоѓа меѓу првите во Европа по вакви трагични случаи, предупреди Ана Аврамоска-Нушкова од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.


Во гостување во емисија на телевизија 4, таа истакна дека податоците со кои располагаат организациите што работат со жртви на насилство се фрапантни и алармантни, посочувајќи дека Македонија е на третото место во Европа според ваквите трагедии.


Аврамоска-Нушкова потсети на неколку случаи кои ја потресоа јавноста во последниот период. Меѓу нив се жена убиена во сопствениот дом во Кавадарци, како и случај во Шуто Оризари, каде исто така жена била убиена во својот дом. Таа спомена и други трагични случаи во Штип и во Гостиварско, каде жена била пронајдена закопана и полуизгорена, што дополнително ја шокираше јавноста.


Според неа, ваквите случаи укажуваат на сериозни системски проблеми во заштитата на жртвите од семејно насилство, бидејќи многу од убиствата се случуваат токму во домот – место кое треба да биде најбезбедно.


Аврамоска-Нушкова нагласи дека институциите мора да преземат поконкретни мерки за превенција и навремена реакција, за да се спречат нови трагедии и да се обезбеди подобра заштита за жените кои се соочуваат со насилство.

Последни теми