Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Лишен од слобода криумчар на мигранти, пронајдени три лица од Египет и три од Алжир

Вчера околу 21:30 часот на бензинска пумпа на автопатот Скопје-Куманово, полициски службеници го лишија од слобода О.К.(33) од Турција, затоа што со возило „шкода“ со косовски регистарски ознаки, превезувал шест лица мигранти, тројца од Египет и тројца од Алжир, соопштија од МВР.


Претходно, на наплатната станица Романовце, тој не застанал на даден знак од полициските службеници, но по преземени мерки возилото е пронајдено.


О.К. е лишен од слобода и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, стои во соопштението.

Последни теми