Уапсен 33-годишен скопјанец во чие возило полицијата пронашала малолетнички кои не му биле роднини.
Како што информираа од МВР вчера околу 22:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници сопреле патничко возило кое го управувал З.Т.(33) од Скопје, во кое се наоѓале две малолетнички со кои се познавал од претходно, но не биле во никакви роднински врски.
Тој е лишен од слобода и со него бил извршен службен разговор во полициска станица, а службен разговор бил извршен и со двете малолетнички во присуство на родителите, бранител и стручен тим од Јавна установа- Меѓуопштински центар за социјални работи, додаваатр од полицијата.