Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Државата распиша тендер за 150 електрични автобуси

Министерството за транспорт објави јавен повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полнилници, како дел од планот за модернизација на јавниот превоз.


Според предвидената распределба, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, додека останатите 50 ќе бидат распределени во други општини низ државата.


Во јавниот повик се утврдени конкретни рокови за испорака:

  • 30 автобуси во рок од 6 месеци
  • 60 автобуси во рок од 12 месеци
  • 60 автобуси во рок од 18 месеци


Тендерската документација е објавена на електронскиот систем за јавни набавки, а рокот за доставување на понуди е до 30 март 2026 година.


Од ресорното министерство посочуваат дека набавката има за цел намалување на аерозагадувањето, зголемување на ефикасноста на јавниот превоз и подобрување на условите за патниците. Дополнително, се очекуваат и долгорочни економски придобивки преку намалени трошоци за одржување и потрошувачка на енергија.


Проектот е дел од пошироката стратегија за трансформација на транспортниот систем и модернизација на јавните услуги.

Последни теми