Во заедничка координација на полициските службеници од ОВР Делчево, шумарските инспектори и Шумската полиција, успешно е спроведена акција за сузбивање на нелегална сеча. При контролите се запленети вкупно 19 метри кубни бесправно сечена дрвна маса.
Акцијата е реализирана на 14 и 15 април на повеќе локации во Делчево и атарот на селото Бигла. Според официјалниот записник, пронајдени и одземени се 5,19 м³ борови и 13,86 м³ дабови дрва.
Целата запленета дрвна маса е предадена на Шумската полиција во Делчево за понатамошна постапка. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно Законот за шуми.
Надлежните најавија поднесоци против правно лице – пилана во село Бигла, сопственост на 69-годишниот В.С. од село Лески, како и против две физички лица од селото Бигла вклучени во нелегалните активности.