Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Мицкоски најави нови мерки за заштита на стандардот по деталната анализа на цените

Владата подготвува нов пакет мерки за справување со растот на цените, најави премиерот Христијан Мицкоски. Тој потенцираше дека пред да се донесат конечните одлуки, ќе биде извршена темелна анализа на пазарните состојби за мерките да бидат максимално ефективни.


Според премиерот, надлежните институции веќе финализираат извештај кој ги опфаќа сите ценовни движења и состојбата во целокупниот синџир на снабдување. „Во овој момент очекувам официјален извештај, кој детално ќе го разгледаме во наредните денови. Дури потоа ќе излеземе со конкретни, прецизно таргетирани мерки“, изјави Мицкоски.


Во изминатиот период, инспекциските служби спроведоа засилени контроли на терен, при што беа опфатени стотици продажни места и различни категории производи, со посебен фокус на основните прехранбени артикли и стоките за широка потрошувачка.


Проекции за цените на горивата:

Премиерот се осврна и на енергетскиот сектор, оценувајќи дека цените на горивата треба да бидат пониски од моменталните нивоа. Според владините проекции, цените би требало да се движат во следните рамки:



Како дополнителен фактор за стабилизација беа посочени и најавените попусти од компанијата „ОКТА“. Доколку овие најави се реализираат, се очекува тоа директно да влијае врз намалување на малопродажните цени на дериватите.


Владата во наредните денови ќе ги разгледа резултатите од сите анализи, по што ќе бидат усвоени мерките наменети за ублажување на ценовниот притисок врз граѓаните.

Последни теми