Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Кривична пријава за млад неготинец поради снимање и објавување воен конвој

Полицијата извршила службен разговор со 21-годишно лице од Неготино поради сомнение за сторено кривично дело поврзано со неовластено снимање и објавување воени активности.


Според официјалните информации, на 15 април околу 13:40 часот, на армискиот полигон „Криволак“, лицето снимало и фотографирало возила од воен конвој, по што снимениот материјал бил објавен на социјалните мрежи.


Надлежните институции посочуваат дека со ваквото дејствие се нарушени безбедноста и тајноста на активностите што ги реализира Армијата, што претставува кривично дело согласно член 350 од Кривичниот законик.


Фото: МО

Последни теми