Индискиот премиер Нарендра Моди денеска упати апел до граѓаните и компаниите да штедат гориво и повторно да дадат приоритет на работата од дома и на онлајн состаноците, со цел да се намали потрошувачката на бензин и дизел, пренесува БТА.
„Граѓаните и компаниите треба да дадат приоритет на враќањето на работата на далечина и на онлајн состаноците, кои се применуваа за време на пандемијата со КОВИД-19, бидејќи тоа би било од голема корист за земјата“, истакна Моди.
Тој додаде дека поради високите глобални цени на енергенсите, Индија мора да ги заштити своите девизни резерви преку рационално користење и намалена потрошувачка на горивата.