Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Енергетски колапс во Куба: Масовни протести во Хавана, земјата остана без резерви на гориво

Во главниот град на Куба, Хавана, избувнаа масовни протести поради тешката енергетска криза и долготрајните прекини во снабдувањето со електрична енергија. Властите официјално признаа дека земјата ги потрошила речиси сите свои резерви на гориво.


Според медиумските извештаи, стотици граѓани излегле на улиците во повеќе населби на Хавана, барајќи итно враќање на електричното напојување. Демонстрантите извикуваа „Вклучете ги светлата!“ и блокираа важни сообраќајници со запалени купишта отпад.


Кубанскиот министер за енергетика и рудници, Висенте де ла О Леви, изјави дека државата останала без дизел и мазут, а целата електрична мрежа е во критична состојба. Според неговите зборови, системот во моментов функционира само со ограничено домашно производство на нафта и природен гас, како и со помош на обновливи извори на енергија.


Во одредени делови на Хавана, рестрикциите на струја траат и до 20 часа дневно. Ова дополнително го зголемува незадоволството кај населението, кое веќе се соочува со сериозен недостиг на храна, лекови и основни енергенси.


Енергетската криза дополнително се продлабочи по заострувањето на американските санкции и ограничувањата за испорака на нафта кон островот. Поради ова, Куба се наоѓа во една од најтешките економски и енергетски состојби во последните неколку децении.

Последни теми