Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

ВЛЕН: Дали децата на функционерите на ДУИ протестираат против своите родители?

Коалицијата „Влен“ упати остри обвинувања до ДУИ, тврдејќи дека студентските протести за полагање на правосудниот испит на албански јазик се политички организирани и диригирани од поранешни функционери на партијата.


Од „Влен“ велат дека протестите не се автентичен студентски глас, туку „политички инструмент“ преку кој ДУИ се обидува повторно да се врати на политичката сцена. Во реакцијата се споменуваат имињата на Бујар Османи, Блерим Беџети и Талат Џафери, за кои се тврди дека преку младите се обидуваат да влијаат врз јавноста.


„Истите тие што молчеа сите овие години, сега ги пуштаат децата на своите функционери по протести. Прашањето е едноставно – против кого протестираат? Против сопствените родители?“, порачаа од ВЛЕН.


Реакциите доаѓаат по најавите и протестите на студентите кои бараат правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик. Протестите во изминатиот период беа проследени со различни политички реакции, при што дел од партиите ги поддржаа барањата, а други обвинија за политичка злоупотреба на студентите.


Од коалицијата „Влен“ порачаа дека нема да дозволат младите да бидат користени за партиски агенди и дека прашањето за правосудниот испит на албански јазик ќе го решаваат институционално и, како што велат, „одговорно“.

Последни теми