Претседателот на Собранието, Африм Гаши, придружуван од парламентарна делегација, од 11 до 14 мај 2026 година ќе престојува во работна посета на Берн, Швајцарија.
Во составот на делегацијата се потпретседателите на Собранието, Јован Митрески и Весна Бендевска, координаторите на пратеничките групи Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Беким Ќоку, Рина Ајдари и Бобан Карапејовски, претседателот на Работната група за Етичкиот кодекс, Миле Лефков, како и генералната секретарка Марина Димовска.
За време на посетата предвидени се билатерални средби со претседателот на Сојузниот парламент на Швајцарската Конфедерација, Пјер-Андре Паж, со раководството на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ/SDC), како и работни сесии посветени на парламентарната етика и Етичкиот кодекс за пратениците.
Посетата се реализира со поддршка на Амбасадата на Швајцарија и Националниот демократски институт (НДИ), во рамки на соработката за унапредување на парламентарниот интегритет и стандарди.