Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Студентите Албанци повторно протестираат за правосуден испит на албански јазик

Студентите Албанци денеска повторно ќе протестираат со барање правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик. Овој протест следува еден месец по првиот собир што беше организиран пред Министерството за правда и пред Владата.


Поддршка за студентите пристигна од политичките партии од албанскиот блок, како и од функционери од Албанија и Косово. Од коалицијата „Влен“ соопштија дека го поддржуваат барањето, но ја обвинија ДУИ дека се обидува политички да го искористи протестот.


Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата работи на законско решение за полагање на правосудниот испит на албански јазик и апелираше до студентите да бидат трпеливи и да не дозволат политичка инструментализација на протестите.

Последни теми