Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Левица: Македонија зема 260 милиони евра кредит, а граѓаните ќе враќаат над 326 милиони

Новото задолжување од 260 милиони евра, кое Владата на Христијан Мицкоски се обидува да го претстави како „финансиски успех“, е уште еден доказ дека државната каса е испразнета од расипничко, нетранспарентно и неодговорно работење, обвинија од Левица. Од партијата велат дека додека министерката за финансии зборува за доверба на меѓународните пазари, граѓаните треба да знаат дека ова не е евтин кредит, туку скапо комерцијално задолжување со вкупни трошоци од над 25,6%.


„Македонија денес зема 260 милиони евра, а ќе враќа над 326 милиони евра. Само за камати и провизии граѓаните ќе платат над 66 милиони евра повеќе. Тоа е цената на неспособноста на оваа власт. Кредитот е врзан со варијабилна каматна стапка – 6M ЕУРИБОР плус 2,1% маргина – што значи дека со секој нов инфлациски шок и со секое зголемување на каматите од Европската централна банка ќе расте и долгот на Македонија. Дополнително, Владата веднаш плаќа и 3,64 милиони евра еднократна провизија само за да може да се задолжи“, стои во партиското соопштение.


Според Левица, ова задолжување е доказ дека Владата нема економска стратегија, развоен план и визија каде се движи државата. Од партијата предупредуваат дека исто како и со т.н. унгарски кредит, парите повторно ќе се трошат нетранспарентно, без јасна намена и без реална додадена вредност за граѓаните и економијата. „Нема нови производствени капацитети, нема структурни инвестиции, нема долгорочни развојни проекти. Има само нови долгови, нови камати и нов товар врз грбот на народот. Наместо економија што создава вредност, добиваме власт што создава долгови“, се наведува во соопштението на Левица.

Последни теми