СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.Б. (41) од Турција и А.Д. (57) од липковското село Слупчане, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство, постапување и промет со опасни материи, штетни организми, семенски материјал или саден материјал“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, првопријавениот, без да поседува соодветна дозвола за вршење промет со хемикалии, извршил противправен увоз на опасна токсична хемиска супстанца – елементарен јод (99,9%) во вкупна количина од 25 килограми од Турција.
Увозот бил извршен по претходен договор со второпријавениот, кој според преземените обврски бил задолжен за прифаќање и преземање на нелегално внесената хемиска супстанца во земјава.