Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Кривична пријава против двајца скопски полицајци за малтретирање приведено лице

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против полициските службеници Д.С. и М.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“. Пријавата е доставена до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.


Според полицискиот билтен, пријавените, кои се вработени во Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, на 19 април годинава околу 03:00 часот при вршење службени дејствија употребиле прекумерна физичка сила и му нанеле повреди на лице лишено од слобода.


Покрај кривичната пријава, Одделот за внатрешна контрола против двајцата полициски службеници ќе поднесе и предлог за поведување постапка за утврдување одговорност за кршење на работната дисциплина.

Последни теми