Министерството за образование и наука подготвува измени на Законот за основно образование со кои се предвидуваат глоби од 250 евра за родителите чии деца вршат насилство во училиштата. Министерката Весна Јаневска потврди дека законските измени се во завршна фаза и наскоро ќе бидат доставени до Собранието. Оваа санкција ќе се применува за секој насилен чин, како и во случаи кога родителите одбиваат соработка со училиштето или со надлежните институции.
Мерката се предлага по серија инциденти во училиштата, меѓу кои и случајот во основното училиште „25 Мај“ во Ченто, каде што ученик беше повреден со остар предмет. Министерката тогаш изјави дека „агресијата не се создава во училиштата, туку се носи од дома, а оружјето, како што рече, се внесува однадвор“. Како дополнителни мерки за справување со проблемот, надлежните најавија лиценцирање на училишните психолози, формирање тимови за препознавање насилство, дежурства во ходниците и дворовите, како и поголема соработка со полицијата. Во меѓународната практика, земји како Финска, Холандија, Ирска, Франција, Англија и Сингапур применуваат различни пристапи кои комбинираат законски одговорности, анти-булинг програми и системски протоколи за превенција и заштита.
Паралелно со овие измени, Министерството за внатрешни работи најави засилени контроли врз приватните безбедносни компании ангажирани во образовните установи. Според министерот Панче Тошковски, МВР ќе реагира во сите случаи каде што ќе се утврди непостапување или пропусти кои ја загрозуваат безбедноста на учениците и наставниот кадар, при што ќе се проверува и дали има основ за одземање на лиценците на фирмите.
Поради зачестените случаи на врсничко насилство и безбедносните предизвици во училиштата, опозициската партија СДСМ побара политичка одговорност од министерката Јаневска и разрешување на директорите за кои тврдат дека прикривале случаи на насилство.
Дополнително, во јавноста е покрената граѓанска иницијатива од актерката Весна Петрушевска, која започна петиција за посилна заштита на децата од штетни содржини на социјалните мрежи и од интернет-булинг. Со петицијата се бараат предлог-измени и воведување построги механизми за заштита на децата во онлајн-просторот, по пример на европските практики.Министерството за образование и наука подготвува измени на Законот за основно образование со кои се предвидуваат глоби од 250 евра за родителите чии деца вршат насилство во училиштата. Министерката Весна Јаневска потврди дека законските измени се во завршна фаза и наскоро ќе бидат доставени до Собранието. Оваа санкција ќе се применува за секој насилен чин, како и во случаи кога родителите одбиваат соработка со училиштето или со надлежните институции.
Мерката се предлага по серија инциденти во училиштата, меѓу кои и случајот во основното училиште „25 Мај“ во Ченто, каде што ученик беше повреден со остар предмет. Министерката тогаш изјави дека „агресијата не се создава во училиштата, туку се носи од дома, а оружјето, како што рече, се внесува однадвор“. Како дополнителни мерки за справување со проблемот, надлежните најавија лиценцирање на училишните психолози, формирање тимови за препознавање насилство, дежурства во ходниците и дворовите, како и поголема соработка со полицијата. Во меѓународната практика, земји како Финска, Холандија, Ирска, Франција, Англија и Сингапур применуваат различни пристапи кои комбинираат законски одговорности, анти-булинг програми и системски протоколи за превенција и заштита.
Паралелно со овие измени, Министерството за внатрешни работи најави засилени контроли врз приватните безбедносни компании ангажирани во образовните установи. Според министерот Панче Тошковски, МВР ќе реагира во сите случаи каде што ќе се утврди непостапување или пропусти кои ја загрозуваат безбедноста на учениците и наставниот кадар, при што ќе се проверува и дали има основ за одземање на лиценците на фирмите.
Поради зачестените случаи на врсничко насилство и безбедносните предизвици во училиштата, опозициската партија СДСМ побара политичка одговорност од министерката Јаневска и разрешување на директорите за кои тврдат дека прикривале случаи на насилство.
Дополнително, во јавноста е покрената граѓанска иницијатива од актерката Весна Петрушевска, која започна петиција за посилна заштита на децата од штетни содржини на социјалните мрежи и од интернет-булинг. Со петицијата се бараат предлог-измени и воведување построги механизми за заштита на децата во онлајн-просторот, по пример на европските практики.