Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Убиство во Битола: 34-годишен маж ја лишил од живот својата сопруга

Во Битола денеска е убиена 31-годишна жена, а како сторител на делото е посочен нејзиниот 34-годишен сопруг. Осомничениот е веднаш лишен од слобода и приведен во полициска станица.


Од Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола потврдија дека станува збор за случај на семејно насилство со трагични последици. Оттаму најавија дека подетални информации за мотивите и текот на истрагата ќе бидат соопштени во текот на денот.


Според првичните и неофицијални информации, тешкото кривично дело се случило на улицата „Петта“ во битолската населба Баир. На местото на настанот извршен е увид од страна на надлежните органи за целосно расчистување на случајот.

Последни теми