Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Владата ќе се задолжи со 260 милиони евра кај странски комерцијални банки

Пратениците во Собранието ја одобрија потребата Министерството за финансии да се задолжи со 260 милиони евра кај странски комерцијални банки, откако предлог-законот беше усвоен по скратена постапка. Средствата, како што посочуваат од Владата, ќе бидат искористени за буџетски потреби и за реализација на капитални инвестиции.


Според предложените услови, заемот ќе биде обезбеден од група странски банки, при што главен доверител е „Мерил Линч Интернешнл“ (Merrill Lynch International). Државата ќе го отплаќа овој аранжман во период од седум години, со вклучен грејс-период од три години.


Каматната стапка за задолжувањето ќе биде варијабилна и ќе се пресметува врз основа на шестмесечен ЕУРИБОР плус 2,10 процентни поени. Во рамките на договорот се предвидени и дополнителни провизии и трошоци поврзани со самиот финансиски аранжман.

Последни теми