Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 23:00 часот го лишиле од слобода З.Т. (62) од село Макреш, општина Старо Нагоричане.
Како што се наведува во полицискиот билтен, тој бил уапсен под сомнение дека со тврд предмет усмртил куче во неговиот кокошарник.
Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.