Иран нема да започне нова рунда преговори со САД додека не се исполнат пет услови за градење доверба, објави новинската агенција „Фарс“, повикувајќи се на неименуван извор.
Според изворот, Техеран ги смета овие услови за минимални гаранции за каков било понатамошен дијалог со Вашингтон.
Меѓу условите се наведуваат барањата за намалување на регионалните тензии, укинување на санкциите, ослободување на замрзнатите ирански средства, надомест на штета и признавање на одредени ирански позиции поврзани со стратешките водни патишта.
Според извештајот, Иран ги доставил своите позиции преку посредници, како одговор на претходниот американски предлог за обновување на преговорите.
САД и Иран во изминатиот период разменија повеќе пораки преку посреднички држави, но досега нема потврда за нова официјална рунда директни разговори.