Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Бебе Реџа го поддржа протестот на албанските студенти во Скопје

Светски познатата пејачка Бебе Реџа, која потекнува од Македонија, се огласи преку својот профил на социјалната мрежа Инстаграм по повод протестот на албанските студенти во Скопје, со кој се бара правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик.


Во својата објава, таа го нагласи значењето на албанскиот јазик како суштински дел од идентитетот на заедницата, додавајќи дека јазикот не е само средство за комуникација туку и симбол што бил чуван низ генерации како резултат на долга историска борба. Пејачката потсети дека Македонија е мултиетничка држава во која еднаквите права и коегзистенцијата се темелни вредности, при што албанскиот јазик веќе има официјален статус во институциите. Бебе Реџа порача дека студентите заслужуваат еднаков третман и фер услови, исто како и сите останати кандидати.


Инаку, Бебе Реџа е родена во 1989 година во Бруклин, Њујорк, во семејство на иселеници од Македонија. Нејзиниот татко потекнува од Дебар, додека нејзината мајка има семејни корени од Гостивар.


Протестот на студентите е најавено да започне денеска во 16:30 часот кај Камениот мост во центарот на Скопје.


Последни теми